Марко Трајковски и Петар Виларов/фото: РК Голден Арт

Трајковски и Виларов го засилија РК Голден Арт

Екипата на Голден Арт која се враќа во ракометната Суперлига се засили со двајца млади македонски ракометари, Марко Трајковски и Петар Виларов.

По продолжувањето на договорот со капитенот Глигор Гајиќ и претходно договорените Мице Шилегов и Дејан Гошевски, управата на клубот се засили на пивотменската и голманската позиција.

Марко Трајковски во минатите неколку години беше член на екипите на Пролет, Бутел, Јуниор и Тиквеш, а последните шест месеци ги помина во супер лигата, во тимот на Прилеп.

– Исклучително сум задоволен што во следните две години ќе бидам дел од Голден Арт, проект кој е многу амбициозен и особено внимание посветува на развој и надградба на македонски ракометари. Се надевам дека во новиот клуб ќе напредувам како играч и дека ќе дадам допринос во идните успеси на клубот во најсилната лига во Македонија – изјави Трајковски.

Петар Виларов е дете на Вардар, од каде замина во Бутел, а преку Работнички минатата сезона пристапи на Јуниор КВ, каде беше стандарден првотимец.

– Ја користам оваа можност да искажам задоволство од пристапување кон клуб кој од година во година расте и се развива, и клуб кој има амбиции да биде стабилен член на супер лигата. Ќе дадам се од себе да ги оствариме зацртаните цели, првенствено опстанок на клубот помеѓу најдобрите македонски екипи. Голден Арт изминатите години вложува во создавање услови за напредок на секој поединец и организациски е високо поставен – изјави Виларов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот