Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски. / Фото: Приватна архива

Трајаноски за СП: Бугарија има вековни спорови со Грција и Србија што не се отвораат

Бугарија покажува груба сила кон Македонија и има двојни стандарди во однесувањето кон Скопје и кон другите земји во регионот, оценува аналитичарот Жарко Трајаноски за „Слободен печат“. Според него, ветото на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ нема никаква врска со историјата, како што нема врска ниту со европските вредности.

– Историјата на Балканот е преоптоварена со противречни национални митови и бесмислено е да се бара само од Македонија да ги ревидира своите митови. Особено е бесмислено што тоа го бара Бугарија, земја чија историска митологија се потпира на никогаш остварениот Сан-стефански мировен договор и чии учебници се преполни со фалсификати и митови, исто како и македонските. „Историското вето“ на Бугарија е груба демонстрација на сила која не може да биде покажана ниту кон Србија, ниту кон Грција, а со кои Бугарија има вековни историски спорови, кои воопшто не се ни отвораат – вели Трајаноски за „Слободен печат“. 

Во една неодамнешна колумна тој постави интересно прашање – што би било ако сите учесници во Руско-турската војна и на Берлинскиот конгрес побараат од Бугарија да ги промени учебниците по историја, забележувајќи дека „историјата на Бугарија е далеку од совршена, а  обидите за наметнување на бугарските историски митови од позиција на моќ како членка на ЕУ се симптом на културен расизам.“

Деновиве слична оценка беше изнесена и на една бугарска национална телевизија – дека Софија со различни аршини ги мери учебниците по историја во соседството, при што за содржините во македонските учебници обвинува дека се фалсификати и кражба на историјата, а за слични содржини во Грција со години молчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот