Фото: Миа.мк

Трагедија во Судан: Најмалку 1.000 мртви во свлечиште во регионот Дарфур

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во планините Мара во западен Судан, соопшти Движењето -Армијата за ослободување на Судан (SLM/A), кое го контролира регионот.

Според нив, неколкудневните обилни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во неделата кое целосно го уништи селото Тарасин. Само едно лице ја преживеа трагедијата, објавува Би-би-си.

Движењето апелираше до Обединетите нации и други меѓународни и регионални организации за итна хуманитарна помош.

Многу жители на северен Дарфур веќе побараа засолниште во планините Мара, бегајќи од војната меѓу суданската армија и паравоените сили што ја уништува земјата со месеци.

Катастрофата дополнително ја влоши веќе тешката хуманитарна ситуација во регионот, каде што голем број луѓе веќе беа принудени да ги напуштат своите домови пред катастрофата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!