Општина Центар/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Традиционални летни активности за најмладите – „На одмор сум, во Центар сум“

Општина Центар и годинава, традиционално организира летни активности за најмладите преку проектот „На одмор сум, во Центар сум“. За таа цел, распишан е јавен повик за реализација на повеќедневна програма која ќе вклучува спортски, рекреативни и забавни активности, театарски претстави и креативни работилници на различни локации низ општината, во текот на летните месеци.

И ова лето ќе им го направиме летниот распуст интересен на сите деца кои поради некои причини ќе останат во Скопје. Ветувам интересни и едукативни содржини за нашите најмлади, многу забава и дружење, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Јавниот повик е отворен за здруженија, организации и правни субјекти од областа на културата и уметноста. За оваа намена се одвоени 400.000 денари од општинскиот буџет.

Пријавата со целокупната документација може да се достави по пошта до Одделението за култура или во Архивата на Општина Центар, барака 6,секој работен ден од 9 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот