Панче Тошковски / Фото: скриншот

Тошковски за пожарите подметнати во Куманово – сѐ уште трае истрагата за подметнувањето пожари во Куманово

Секторот за внатрешни работи и Обвинителството во Куманово во предистражна фаза собираат информации во врска со подметнувањето пожари на три автомобили и објект во Куманово. Неофицијално се дознава дека властите обезбедиле снимки на осомничените лица од градските камери „Сејф сити„ и го лоцирале автомобилот со кој тие се движеле рано утрото во понеделникот. Тошковски вели дека станува збор за добро организирана група која наскоро ќе биде откриена.

За инцидентите од 28 ноември и другите кои следуваа во разни градови, полицијата досега уапсила 18 лица, од кои 4 се во притвор за палењето на државното, но и на албанското знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!