Славјанка Петровска

Тошковски ја контаминирал истрагата за Кочани, вели Славјанка Петровска

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба“, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.

Петровска рече дека Тошковски, како искусен правник, долгогодишен адвокат ги познава законите, особено Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, но свесно на денот на трагедијата не посочил одговорност во Министерството за внатрешни работи.

„Напротив, ги заштитивте тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што пред малку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од законот за полиција. Според вас полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разрешите тие не биле виновни. Не знаеле што им се случува на територијата на подрачјата за кои по закон се должни да знаат и истото да го спречат, нагласи Петровска, додавајќи дека на денот на трагедијата и деновите потоа Тошковски свесно оддавал службена тајна од истрагата на лице кое не е овластено и му ги направил достапни информациите од истрагата кои беа злоупотребени се злоупотребувала до денес за политички цели“, рече Петровска од собраниската говорница.

„Еве, со ова вие ја контаминиравте и ја попречивте истрагата и затоа меѓу другото се и нашите тврдења дека истрагата е селективна Исто како што дозволивте од денот на трагедијата до отприлика седум дена подоцна раководните полициски службеници од СВР Штип и полициска станица Кочани да продолжат да доаѓаат на работните места и со тоа им овозможивте да кријат докази, да преправаат записници, се во нивен интерес и во интерес на тие кои треба да ги заштитите. Под притисок исклучиво на експертската јавност тие беа променети. Е затоа денес семејствата на починатите, загинатите и повредените дојдоа во Скопје и затоа побараа средба не само со вас, побараа средба и со нас и со сите пратеници овдека во Собранието, затоа што меѓу другото ние сме нивни избраници“, рече пратеничката на СДСМ Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!