фото: РК Голден Арт

Тоше Ончев е нов играч на РК Голден Арт

Велешанецот Тоше Ончев (26) во следните две години ќе биде член на ракометниот клуб Голден Арт.

По завршувањето на најуспешната сезона од своето формирање, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, заблагодарувајќи се на четворица досегашни, и обновувајќи ги договорите со четворица ракометари од составот кој настапуваше минатата година, а на кои истите им завршија, Голден Арт го промовира првото засилување за сезона 2023/24.

Ончев, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција.

Од Франција заминува во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапува за тимот на Работнички. Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, за минатата натпреварувачка сезона да ја стартува во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната.

– РК Голден Арт го одбрав како клуб кој е препознатлив по тоа што овозможува добри услови за напредок на младите играчи и сигурен сум дека од година во година клубот ќе расте и ќе се развива на повисоко ниво – изјави Ончев при потпишување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот