
Тони Атанасов го наследи Горзад Михаилов на клупата на Брера
Екипата на Брера преку клупските канали потврди дека нов тренер на првиот тим е Тони Атанасов кој пристигнува на местото на Горзад Михаилов.
Препорачано
Заедно со Атанасов на клупата на Брера доаѓа и Панче Стојанов кој ќе биде негов помошник. Во стручниот штаб на струмичкиот клуб ќе бидат уште: Атанасов и Стојанов со Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.
„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, изјави Атанасов.
Брера во ПМФЛ по првиот дел од сезоната се наоѓа на осмата позиција со осум освоени бодови и тоа не беше доволно Михаилов да го задржи местото.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
25мин
-
29мин
-
32мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5