Вила Водно/ Фото: Фејсбук, Villa Vodno

Томовски: Вилата „Водно“ е дивоградба, нема имотен лист

Многу објекти во државна сопственост се дотраени и неодржувани, а не се решени ниту имотните прашања, изјави за ТВ 21 директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

„Да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна сопственост, но пред тоа да го направиме ние треба да го решиме имотно-правниот статус на овие објекти. Можам слободно да кажам дека имотот во државата е на некој начин дивоградба. Замислете, имотот на државата е дивоградба. Двете вили во Охрид, претседателска, премиерска, вилите во Скопје, претседателска и премиерска, немаат имотен лист“, рече Томовски.

Тој исто така ја обвини претходната влада дека правела злоупотреби.

„Како на пример Маричиќ, забегал во своите барања. Го побарал авионот да лета од Скопје до Ниш. Побрзо, поекономично, попрактично е да отпатувате до Ниш со возило отколку со авион, за среќа одбиен е од Службата и втората злоупотреба, ова е класична злоупотреба е од страна на Талат Џафери. Нашите пилоти го носат авионот во Нинберг на вонреден сервис и додека трае тој вонреден сервис тие земаат карти за Америка каде што одат два пати годишно на симултанско летање и да не губат од работни денови, додека е на сервис авионот, одат таму, се јавува тогашното раководство до пилотот ѝ му кажале дека мора итно да се вратите, тој им кажал дека е расклопен авионот, не мора да се склопи оти може да ни се распадне коалицијата“, рече Томовски во емисијата „Клик плус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот