Ивица Томовски

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински, прв пример е Маричиќ

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски вели дека одредени министри од минатата Влада се однесувале недомаќински и трошеле многу, а како пример за најголем потрошувач го посочи екс заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Тоа го работи Обвинителството. Малку ни каска Обвинителството, не постапува посоодветно, дали немаат доволен капацитет, дали не се доволно добро организирани, но во рокот од 11-12 месеци досега требаше да има повеќе дела, не само во Службата за општи заеднички работи туку генерално во целата држава. Но, ајде да се надеваме дека ќе се оправат или пак ќе треба да се бара решение да се прави нов избор или реизбор“, наведе Томовски.

Томовски соопшти и дека во СОЗР во моментов се вршат испитувања од одделот за економски и организран криминал во Министерството за внатрешни работи за други дела.

„Службата има околу 400 директно вработени и уште 300 надворешни, хигиена, одржување, обезбедување кои се преку фирми. Имаше дела, имаше едно дело каде претходниот директор заврши во притвор, не знам дали е уште во притвор, но имаше дела кои му се водат од страна на Финансиската полиција, има уште едно не би можел да кажам дека е дело, но дека се врши испитување истражување од страна на МВР, одделот за економски и организиран криминал. Па да оставиме да видиме, тие се службите коишто треба да извадат некакво дело, да го дадат до Обвинителството, тоа да постапи. Наше е да им ги отвориме вратите, да им ги дадеме документите на увид“, рече Томовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот