Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Том Круз не се дели од 37 години помладата шпанска пејачка

Том Круз предизвика гласини за нова роматична врска откако почна интензивно да се гледа со шпанската пејачка, која ја запозна на фестивалот Гластонбери.

Оттогаш холивудскиот актер постојано ја канел Викторија Канал (25) на филмскиот сет на филмот „Невозможна мисија 8“, па дури и ја превезувал со својот хеликоптер.

Актерот и пејачката најпрво станале пријатели по средбата на британскиот фестивал во јуни, но сега нивната врска прераснала во нешто повеќе, велат извори за „Сан“.

Членовите на филмската екипа велат дека „гостинката“ на актерот поминува долго време на сетот: „Том ја покани Викторија да го гледа снимањето цел ден и тоа едноставно не е нешто што го прави за неговите случајни пријатели“.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Истакнувајќи ја разликата во возраста на парот од 37 години, инсајдерот продолжи: „Можеби изгледаше малку веројатно дека тие ќе станат нешто повеќе од пријатели, но тие се прилично неразделни. Постојано се гледаат и Викторија е прекрасна. Сето тоа се случува на очиглед на сите“.

Тие првпат се запознале откако Викторија им се придружила на „Колдплеј“ на сцената на Гластонбери заедно со Мајкл Џеј Фокс.

Само неколку дена подоцна, тие беа видени на премиерата на филмот „Twisters“ на плоштадот Лестер во Лондон, каде што пристигнаа со неговиот хеликоптер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!