Фото: Fejsbuk/ Argentus Maunt

Титов Врв ќе го искачуваат само жени

Планинарскиот клуб Х20 од Скопје заедно со повеќе клубови од државата во сабота 19 октомври ги повикува жените да се приклучат на женска планинарска акција и искачување на Титов Врв на Шар Планина, а по повод месецот за борба против ракот на дојката.

Ова е втора ваква акција на клубот која е предвидена само за жени. Секоја година, месец октомври се одбележува со настани за подигање на свесноста за ракот на дојка, па со таа цел жените планинарски водичи, во нивниот домен, се одлучиле да учествуваат во оваа кампања.

-Секоја на свој начин се бори во животот со предизвиците кои и се на патот, нашиот начин се планините и преку оваа наша акција Ви порачуваме дека не сте сами во борбата и заедно сме посилни! Ве покануваме да дојдете заеднички да искачиме уште еден врв и совладаме уште еден предизвик, да ја подигнеме заедно свеста за превенција и навремено откривање на опасностите од оваа закана. Денот за подигање на свеста за ракот на дојката се одбележува на 15 октомври. Значењето да се биде едуциран за оваа болест не е за потценување, бидејќи статистиките покажуваат, ако ракот на дојка се открие во рана фаза, во 9 од 10 случаи може да се излечи, па оттука и важноста на раниот скрининг, на редовните контроли и свесноста за себе и своето здравје, се вели во повикот за акцијата.

Стартна точка ќе биде хотел „Конак“ на Попова Шапка на 1700 метри, па ќе се оди по летната Вакуфска патека се до највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв (2747 мнв). Се очекува од 10 до 12 часа вкупно да трае искачувањето и враќањето. Задолжителни се планинарски чевли и стапчиња, соодветна облека со капа, ракавици, јакна, долги панталони. Секоја учесничка треба да понесе храна и 2 литра вода во свој ранец.

Пријавување е задолжително, најдоцна до 17.10.2024 год, 12:00 часот кај планинарските водичи и лица за контакти и пријавување.

Администратор 14/10/2024 18:23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!