
Тинејџерот Антонели во март ќе дебитира во Ф1, а штотуку положи возачки испит
Ако дебитира во Формула 1 на стартот на сезоната 2025, Кими тоа ќе го стори на возраст од 18 години и 208 дена
Возачот на Мерцедес Андреа Кими Антонели треба да дебитира во Формула 1 на трката за ГН на Австралија во средината на март, на стартот на новата сезона. Ако тоа се случи Италијанецот ќе стане третиот најмлад возач во историјата на Формула 1.
Препорачано
Интересно, Антонели неодамна положи возачки испит и тоа од првпат, па се пофали на социјалните мрежи. Во тој „сегмент“ подобар е од актуелниот шампион Макс Весртапен кој возачки испит положил од вторпат.
my man finally got his drivers license ?? pic.twitter.com/1UTEbQ0OAQ
— Kimi Antonelli Updates ?? (@AndreaKimiNews) January 27, 2025
Дебито во Ф1 на Антонели треба да биде кога тој ќе има 18 години и 208 дена. Со тоа Антонели би го поминал поранешниот тимски колега во Формула 2, Оливер Берман. Британецот дебитираше на 18 години и 305 дена во трката во Саудиска Арабија минатата сезона.
Најмлад дебитант во историјата на Формула 1 е Верстапен, кој дебитираше во Австралија во 2015 година со 17 години и 166 дена. Тешко дека овој рекорд некогаш ќе биде надминат бидејќи според сегашните правила на ФИА возачот мора да има 18 години за да добие супер-дозвола.
Од минатата сезона, таква дозвола може да се добие и пред наполнети 18 години, но со посебна процедура.
Вториот најмлад возач е Ленс Строл, кој дебитираше во Австралија во 2017 година со 18 години и 148 дена.
Италијанецот, кој е опишан како најголемиот талент кој пристигнал во Ф1 откако четирикратниот шампион Макс Верстапен дебитираше во 2015 година, ќе биде партнер со Џорџ Расел.