
Тинејџерка од Италија одбила присилен брак, а потоа исчезнала, полицијата го уапси нејзиниот чичко
Чичкото на италијанско-пакистанската тинејџерјка која исчезна откако одби присилно да се омажи, е уапсен под сомнение за нејзино убиство.
Препорачано
Даниш Хаснаин, чичко на 18-годишната Саман Абас, вчера бил приведен во Франција со европска потерница. Тој е еден од петте роднини што полицијата ги испитува под сомнение за убиство.
Таа некое време живеела под заштита на социјалните услуги
Абас последен пат била видена кон крајот на април во близина на семејна куќа во северна Италија. Полицијата соопшти дека нејзиното семејство има намера да патува во Пакистан за договорен брак, што таа го одбила уште од минатата година.
Таа наводно живеела во установа за социјална заштита, но се вратила во семејниот дом во Новелара кон крајот на април.
Властите веруваат дека станува збор за убиство, но нејзиното тело се уште не е пронајдено, пишува Би -Би -Си.
Снимка од надзорна камера
Полицијата смета дека родителите на тинејџерката и нејзиниот чичко побегнале од Италија по нејзиното исчезнување.
Имено, снимките од надзорната камера на аеродромот во Милано покажуваат како нејзините родители се приклучуваат на летот за Пакистан.
Италијанската влада во четвртокот објави дека побарала нивно екстрадирање од Пакистан. Министерката за правда Марта Картабија официјално го испрати таквото барање.
Друг роднина на 18-годишната бил претходно годинава уапсен во врска со случајот и е во затвор во Италија.
Италијанската асоцијација на исламски заедници (UCOII) рече дека е шокирана од случајот и издала фатва (верска пресуда) со која се отфрла принудните бракови.