Фото: Pexels

Тиква – идеална есенска намирница која ги штити срцето, очите, имунитетот и го регулира притисокот

Дојде и нивното време. Летната варијанта на роднините на лубеницата, краставицата и тиквата ја заменуваме со есенската, односно со тиквата. Овој величествен зеленчук, преполн со витамини и минерали, може да послужи како состојка во бројни јадења, пишува „Живим“.

Исто така, тиквата е еден од најпознатите извори на бета-каротен, моќен антиоксиданс кој на овој зеленчук му ги дава познатите нијанси на жолто-портокалова боја. Кога го консумираме, нашето тело го претвора бета-каротенот во витамин А и го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак, како на белите дробови или простатата, срцеви заболувања, како и ризикот од старечка макуларна дегенерација, позната како жолта дамка на окото.

Освен тоа, оваа есенска кралица содржи витамини Ц и Е, железо, фолна киселина, омега-3 масни киселини, цинк, селен и магнезиум, а сите заедно сочинуваат важна одбрана на нашиот имунолошки систем. Таа може да го намали и крвниот притисок.

Фото: Food – Joanna Reichert / Alamy / Profimedia

Семките може да послужат како одлична ужинка. Тие се богати со калиум, а несолените помагаат во одржување на добриот холестерол и нормалните вредности на притисокот.

Во 100 грама од оваа намирница има 26 килокалории, 6.5 грама јаглехидрати, 0.1 грам масти и 0.5 грама влакна.

Еден од многуте примери како да ги искористите придобивките од тиквата се незаобиколните мафини. Направете си свои и збогатете ги со омилените есенски зачини.

Потребни состојки:

  • 65 г шеќер (или 30 г мед)
  • 90 г интегрално пченично брашно
  • 90 г мазно брашно
  • 3 г сол
  • 2 г морско оревче
  • 2 г цимет
  • 60 г суво грозје
  • 6 г сода бикарбона
  • 450 г пире од тиква
  • 2 јајца
  • 45 мл масло (од репка)
  • 75 мл матеница

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го калапот за мафини со хартија или намастете го.

Во сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот, зачините и сода бикарбоната.

Во голем сад измешајте ги пирето од тиква, јајцата, маслото и матеницата. Матете со рачен миксер додека смесата не се изедначи.

Додајте ја сувата смеса во влажната и мешајте додека сè не се соедини.

Со лажица ставајте од тестото во подготвените калапи за мафини. Печете 25-30 минути.

Пире од тиква можете да направите така што ќе ја пресечете тиквата на половина, ќе ја издлабите и ќе ја ставите во претходно загреана рерна на 200 °C. Печете околу 20 минути додека тиквата не омекне. Потоа, тиквата изблендирајте ја со блендер или со рачен миксер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот