Архива на СП

Тигрите во Индија спасени од работ на истребување

Во Индија тигрите се спасени од работ на истребување и нивниот број се зголемува благодарение на проектот наречен „Тигар“, а сега ги има најмалку 3.167.

Индија одбележува 50 години од почетокот на имплементацијата на тој проект и го слави својот глобално признат успех, објави „Индија Тудеј“. Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека бројот на тигри во Индија се зголемил на 3.167 минатата година од околу 3.000 колку што се проценувало дека ги имало во 2018 година.

Проектот „Тигар“ започнал на 1 април 1973 година на иницијатива на тогашната премиерка Индира Ганди, а целта била да се зголеми популацијата на тигрите. Првично имало девет резервати на тигри, а сега бројот на заштитени подрачја е зголемен на 53.

Индија сега се соочува со големи предизвици поради зголемувањето на популацијата на тигрите бидејќи некои резерви се пребукирани. Според проценките, во Индија на крајот на 19 век имало 40.000 тигри во дивината, но поради нелегалниот лов и уништувањето на живеалиштата, нивниот број драстично се намалил, така што во 1972 година ги имало само 1.411.

Благодарение на проектот, Индија сега може да се пофали со најголем број тигри во дивината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот