Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Тежок удар за Србија: Заврши Европското првенство за фудбалерот на Јувентус

Фудбалерот на Јувентус Филип Костиќ се повреди во неговиот прв натпревар на Европското првенство против Англија, а дополнителните тестови не донеле добри вести за српскиот национален тим.

Србија ја чекаат натпревари против Словенија и Данска во кои ќе се обидат да дојдат до бодови за пласман во наредната фаза. Но, во тие натпревари ќе бидат без услугите на Костиќ.

Костиќ го напушта теренот на крајот од првото полувреме и тоа без некој дуел со противнички играч. Од неговиот израз лицето можеше да се заклучи дека повредата не е наивна. Во следните натпревари како и што беше случај на вчерашниот натпревар на неговото место треба да игра Филип Младеновиќ. 

ВИДЕО | Англија не блескаше, но ја победи Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот