
Тежеше 108 килограми и преживеа брачен „бродолом“: Џесика Симпсон повторно видена со поранешниот спортист!
Џесика Симпсон (45), пејачката која во последните години постојано привлекуваше внимание со својата трансформација, повторно ја заинтригира јавноста.
Препорачано
Имено, во петокот навечер, таа беше видена со својот отуѓен сопруг, поранешниот американски фудбалер Ерик Џонсон (45), а двајцата ја бодреа сестрата на пејачката, Ешли Симпсон, за време на настап во Лас Вегас.
Видеото објавено од Ти-ем-зи го покажува парот како се обидува да остане во позадина додека влегува во ноќниот клуб „Волтер“ во хотелот „Венецијан“. Ним им се придружи група пријатели и иако не покажаа никаква наклонетост, двајцата го гледаа настапот од трибините. Во еден момент, како што покажува видео на ТикТок, тие дури и се оддалечија додека Ешли го започнуваше својот настап. Родителите на сестрите Симпсон, Џо и Тина, исто така беа на концертот.
@shelbyyynh @Ashlee Simpson Ross ♬ sonido original – 🐚🐝
Порано истата вечер, двојката беше фотографирана како се качуваат заедно на летот за Лас Вегас на аеродромот Бурбанк. Џесика одеше неколку чекори зад Ерик, а фотографиите од авионот ги покажуваат како седат во ист ред, но со празно седиште помеѓу нив.
Да потсетиме, Симпсон во јануари објави дека таа и Џонсон „живеат одвоено“ по десет години брак, нагласувајќи дека минуваат низ „болен период“ и дека нивен приоритет е благосостојбата на нивните деца.
Пејачката долго време не објавува фотографии од себе и својот сопруг на социјалните мрежи, што веќе предизвика шпекулации за брачни проблеми. Во март, за време на настап во Тексас, таа рече дека е „многу осамена“ и откри дека нејзиниот живот фундаментално се променил откако научила „некои многу лични работи“ дома.
Таа неодамна во едно интервју алудираше на причините за раскинувањето, велејќи дека во љубовта е важно да се „сакаат другите и покрај нивните грешки“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5