Фото: Слободен печат

Тетовските пензионери се подготвуваат за протест во Скопје: Вака не се живее!

Дел од тетовските пензионери речиси секој ден се собираат во дворот на Здружението на пензионери Тетово за да го изразат револтот од одбивањето на нивното барање да има линерано покачување на пензиите.

Пензионерите собираат потписи, за да се види, како што велат, незадоволството од игнорантскиот однос на власта кон пензионерите. Тие ги повикаа тетовските пензионери на протест в понеделник кој што ќе се одржи во Скопје, а за кој ќе има организиран превоз од Тетово.

-Ние речиси секој ден тука се собираме. Собрани се потписи од пензионерите, ова не е ниту партиски ниту собир на национална основа. Потписите се собрани од Македонци, Албанци, Роми, ние сите сакаме да живееме. Поддршка за пензионерите од Прилеп кои први започнаа да ги бараат своите права. В понеделник сите на протест во Скопје. Ги замолувам сите пензионери во 9.30 да дојдат пред маркетот „Веро“ Тетово, за да тргнеме за Скопје, ќе имаме организиран превоз. Со 12.000 денари не се живее оти треба минималната пензија да биде како минималната плата, вака не се живее – вели една пензионерка од Тетово.

На протестот во Скопје, како што додаваат, ќе го искажат своето незадоволство кое тлее со години и децении.

-Во продавница кога одиме не не прашуваат од која партија сме или од која националност сме. Нас на сите ни требаат пари за да се прехраниме. Даваме целосна подршка на пензионерите, бараме како и сите пензионери линеарно покачување на пензиите. Исто така бараме на позитивната листа да се стават лековите кои ги нема, а пензионерите немаат пари да ги купат оти се продаваат само приватно. Собираме потписи за да се види колку имаме задоволни пензионери со процентуалното зголемување на пензиите кое во споредба со покачувањето на платите на функционерите е ништо. Редно беше да се слушне гласот на пензионерите – дополни една пензионерка.

Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во понеделникот пристигнаа препораки и мислења во врска со барањата на пензионерите за линеарно покачување на пензиите. Меѓу нив стои дека не поддржуваат протести, а статусот на пензионерите според Сојузот треба да се решава преку институциите на системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!