Вирови на улици поради лоша атмосферска канализација / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Тетово доби земјиште на кое ќе се гради филтер-станица за фекални води

Владата овозможила Општина Тетово да добие земјиште на кое ќе почне да се гради филтер-станица за третман на фекалните води и проширувањето на канализациската мрежа. Овој капитален проект, не бил реализиран изминатите 10 години а го опфаќа Тетово и околните села. Станува збор за проект кој ќе се реализира во рамките на ИПА 2 програмите.

Во реализацијата на овој проект директен учесник ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање.

По десет години неисполнети ветувања, проблемот со канализацијата Тетово и околина добива решение. Владата на Република Северна Македонија денеска овозможи Oпштина Тетово да добие земјиште на кое ќе започне изградбата на филтер-станицата за третман на фекални води и проширување на канализационата мрежа.

На овој начин градот Тетово со околина ќе реализираат голем проект кој е од витално значење за граѓаните и урбанизмот. Процесот на европеизација значи уредени градови, здрави средини и нула суштински проблеми за достоинствен живот.

Ова е нашата заложба. Реализацијата на оваа заложба започнува во Тетово, велат од Коалицијата Вреди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот