Апсење / лисици / Фото: МИА

Тетовец уапсен во Гостивар во 7:40 наутро, имал 2,63 промили алкохол во крвта

Вчераутро, полицијата во Гостивар уапсила 49-годишен жител на Тетово, кој бил екстремно пијан и го нарушувал јавниот ред и мир, соопшти МВР.

„На 26.08.2025 во 07:40 часот во Гостивар, полициски службеници, од ОВР Гостивар го привеле Д.Ј.(49) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,63 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, известуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот