Тетовец ќе одговара откако сакал да тепа полицаец во скопска полициска станица

45-годишен жител на Тетово кривично ќе одговара откако нападнал полицаец во полициска станица во Скопје, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Д.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во Полициската станица Аеродром во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот