
Тестирање за Менса во Штип
Здружението на граѓани со високо натпросечна интелигенција Менса Македонија в сабота, 25 ноември организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови во Штип.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тестирањето ќе се одржи на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во 12 часот.
Кандидатите со навршени 16 години што сакаат да го дознаат својот коефициент на интелигенција и не се тестирале во изминатите шест месеци, можат да се пријават на следниот линк, со уплатени 500 денари за стандардизираните тестови за интелигенција на Mensa International. Пријавувањето е најдоцна до 24 ноември.
На самото тестирање, кандидатите треба да понесат документ за лична идентификација.
Тестирањето трае 20 минути, а резултатите се доставуваат тајно, на секој кандидат посебно. Се користи ФРТ тестот за општа интелигенција, а долната граница за влез во Менса Македонија е коефициент од 131.
Менса Македонија постои од 4 декември 1999 година и има повеќе од 100 редовни члена. Од илјадниците тестирани, во горните 2 отсто од светското население се квалификувале околу 900 лица.
Менса има три основни цели: да ја одреди и промовира човековата интелигенција за доброто на човештвото, да поттикне истражувања за прородата, карактеристиките и употребата на интелигенцијата и да промовира стимулативни интелектуални и социјални можности за своите членови.