Фото: Скриншот/dzen.ru

Тест на личноста: Тоа што прво ќе го видите ќе го разоткрие тоа што вешто сте го криеле

Тестовите со оптички илузии често предизвикуваат силни емоции кај неподготвените набљудувачи, а понекогаш се појавуваат и фотографии што создаваат голема конфузија. Сите се сеќаваат на фотографијата со мачката за која долго време се расправаше дали оди нагоре или надолу по скали. Интернетот буквално „гореше“ од дискусии, пишува „Сенса“.

Сепак, психолозите знаат дека секоја оптичка илузија, покрај тоа што е забавна, може да помогне во разбирањето на психолошкиот профил на личноста. Сè станува појасно кога некој ќе каже што прво видел на фотографијата.

Пред вас е фотографија што кружи на интернет и што ги подели луѓето во два табора – едни велат дека гледаат човек, други, пак, куче.

Па, што е прикажано на фотографијата? Што прво видовте вие? Сцената е снежна шума, а во центарот – црна фигура. Дали е тоа човек со ранец што заминува низ шумата, или куче што весело трча кон фотографот? Точката на која прво ви паѓа погледот ќе ја оформи целосната слика во вашиот ум. Дали ќе видите човек што се оддалечува или куче што трча кон вас, зависи од вашата психо-емоционална состојба во моментот.

Ако прво видовте човек што заминува

Тоа значи дека сте во состојба на анксиозност и дека чувствувате опасност. Оваа слика ја гледаат и луѓе кои се природно песимистички или недоверливи.

Ако прво видовте куче

Најчесто го гледаат оптимисти – луѓе кои имаат доволно внатрешна сила да останат смирени и самоуверени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот