Тешко повредена 35-годишна жена во сообраќајна несреќа во Гостиварско

Триесет и петгодишна жена тешко повредена во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-село Градец.

„Вчера во 15.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(58) од гостиварско Неготино и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.С. (35) од гостиварско Дебреше. Во несреќата, И.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Ургентен центар Гостивар“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот