Сообраќајка Стража
Фото: „Слободен печат“ / илустрација

Тешка сообраќајна несреќа пред Стража, тројца луѓе завршија во болница

Тројца луѓе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Кичево-Гостивар, во близина на Тајмишката раскрсница, пред превојот Стража, соопшти МВР.

Според информациите, автомобил „Фолксваген Венто“ со кичевски таблички, возен од Н.Д. (54) од Кичево, излетал од патот и притоа возачот се здобил со тешки повреди, додека сопатничките Б.М. (53) и А.Д. (76), се полесно повредени. Сите биле пренесени во кичевската болница, каде што им била укажана помош.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот