Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп, возач е тешко повреден

Вчераутро на патот Градско-Прилеп се судриле автомобили кои ги возеле двајца прилепчани, а едниот од возачите е тешко повреден во несреќата, соопшти МВР.

„На 17.06.2025 во 08:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп. Во несреќата И.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот