Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

ФОТО | Тешка сообраќајка кај Соборна, „голф“ удри во жардиниера

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово кај Соборниот храм. Автомобилот марка „голф“ излетал од булеварот, при што го турнал столбот за регулирање на семафорите веднаш по пешачкиот премин и се качил на жардиниерата.

Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Семафорите на оваа улица не се во функција.

Засега нема информации за повредени лица во несреќата.

Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Утрово исто така се случи сообраќајна несреќа и кај Мавровка каде исто така сообраќајната сигнализација не е во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот