Илустрација сноубордер/ фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Тешка повреда на јапонска сноубордерка пред стартот на ЗОИ

Јапонската сноубордерка Рина Јошика доживеа тежок пад на тренинг пред официјалниот старт на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Јошика доживеа пад при доскок и остана непомично да лежи на патеката. Лекарите повеќе од 20 минути се обидуваа да ја поместат од патеката повредената сноубордерка која врескаше од болки додека и се укажуваше лекарска помош.

Потоа во посебна вреќа, на носилки Јошика беше изнесена од патеката и во возило на итна помош беше префрлена во болница Засега нема информации за тежината на повредата на Рина Јошика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот