
Терористички акт или наводна руска вмешаност? Се појавија шокантни информации за авионската несреќа во Литванија
Утринава товарен авион на DHL изгубил контрола при слетување на аеродромот во Литванија и удрил во куќа при што едно лице загинало, а три други се повредени.
Инцидентот доаѓа откако извештаите за мистериозни експлозии во магацините на DHL во Лајпциг и Бирмингем го зголемуваат стравот од тајни руски диверзантски операции.
Препорачано
Авионот бил во близина на пистата кога се урнал, а шокантните слики од местото на несреќата покажуваат остатоци расфрлани наоколу и пожарникари кои се борат со пожарот, откако авионот удрил во двокатната зграда. Од оштетената куќа се евакуирани 12 жители, додека двајцата пилоти преживеале со тешки повреди.
Несреќата уследи по извештаите дека се случиле мистериозни експлозии во магацините на DHL во Лајпциг и Бирмингем, што ги подгреа стравувањата за прикриена саботажа од страна на Русија, со намера да се разнесат авионите што летаат на Запад.
?? Boeing 737 has crashed in Vinicius, Lithuania outside the airport after flying from Leipzig, Germany. The plane belonged to DHL. It crashed into a two story building and caught fire. One of the pilots is reported passed, the rest are uninjured. The cause is being investigated. pic.twitter.com/2vZNQ1kJfh
— SputnikSpreader (@VasBroughtToX) November 25, 2024
Дали Русите стојат зад саботажата на авионите на Запад?
Западните функционери претходно овој месец изразија стравувања дека Русија стои зад поставувањето бомби во патничките авиони кои летаат за САД и Канада.
– Ова е една од верзиите што мора да се проучи и да се провери – рече генералниот директор на литванската полиција, нагласувајќи дека истрагата сè уште е во тек.
Еден член на екипажот, шпански државјанин, е пронајден мртов, додека другите се повредени. DHL соопшти дека авионот извршил „итно слетување“ и дека истрагата е во тек.
Градоначалникот на Вилнус прогласи вонредна состојба, ограничувајќи го сообраќајот во близина на аеродромот и местото на несреќата.
A DHL cargo plane has crashed into residential homes near Vilnius, Lithuania. pic.twitter.com/HlEB3JPDeQ
— Russian Market (@runews) November 25, 2024
Полицијата не ја исклучува можноста за терористички акт
Причината за несреќата останува мистерија, а Националниот центар за управување со кризи на Литванија ги разгледува техничките проблеми како можна причина, но сè уште е рано за попрецизни информации.
Ова е последен во серијата настани кои предизвикуваат загриженост за можни акти на саботажа, при што западните официјални лица изразија стравување од руска вмешаност во слични инциденти.
Полицијата не ја исклучува можноста за терористички акт, а истрагата е во тек.