Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук

Тепачка меѓу две семејства во Центар, и двете пријавиле дека биле нападнати

Несогласувања меѓу соседи во скопската населба Центар вчера ескалирале во физичка пресметка меѓу две семејства, кои двете тврдат дека ги нападнале членови на другото

„На 29.05.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(47) од Скопје пријави дека околу 12.00 часот во неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходна расправија, нивните соседи Г.Ѓ. и М.Г. им се заканувале на него, неговиот брат Г.Ц. и К.О., а Г.Ѓ. се заканувал и со тврди предмети. Исто така, М.Г.(69) од Скопје пријавила дека во станот на соседите околу 13.30 часот, по претходна расправија, таа и нејзиниот сопруг Ѓ.Г. биле физички нападнати од Б.Ц. и неговиот брат Г.Ц., при што едниот употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот