Фото: Твитер

ТЕНЗИЈА ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИ И ГРЦИ ВО АВСТРАЛИЈА: Тепачка во ресторан по објавената фотографија на градоначалничката

Во тек е истрага за инцидент кој се случил на 17 декември во ресторанот „Ribs & Burgers“ во Саут Моранг, Австралија. Три мажи кои дошле со поголема група, нападнале еден маж и му нанеле полесни повреди и избегале од локалот, пренесува дневникот Еџ. Нападнатиот човек има грчко потекло, а поминал со помали повреди на лицето и напукнат прст.

Како што објавија локалните медиуми, напаѓачите и жртвата претходно биле на седницата на советот на околниот град Витлси, каде што бил најавен и протест. Ова следело откако градоначалничката на Витлси, Емилија Лиза Стерјова објавила фотографија на Фејсбук на која таа танцувала држејќи знаме со сонцето на Вергина. Набрзо, градоначалничката ја избришала објавата. Грчката заедница од локалната власт побарала во спорот да се вклучи и австралиското министерство за надворешни работи, но барањето било одбиено.

За инцидентот во ресторанот, сведоците потврдиле дека три мажи го удирале човекот со грчко потекло во главата и лицето околу 40 секунди и дека оштетен е и автомобилот на нападнатиот. За напаѓачите се претпоставува дека имаат македонско потекло и сè уште не се уапсени, а полицијата ги истражува снимките од безбедносните камери на ресторанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот