Тенк кој прегази човек во Украина/ Фото: ЕПА

Тенкот кој го прегази автомобилот не е руски – откриена вистината за шокантната снимка

Руската армија денеска со тенкови го опколи Киев, а на социјалните мрежи набрзо се појави вознемирувачко видео од оклопно возило кое прегази патнички автомобил. Од OCCRP вечерва ја демантираат веста, велејќи дека не се работи за руско оклопно возило, туку за украинско кое изгубило контрола.

Видеото од газењето на украинскиот цивил на социјалната мрежа Твитер го сподели и OCCRP, што дополнително придонесе за авторитетот на видеото и заднината. Меѓутоа, вечерва OCCRP излезе во јавноста со извинување бидејќи, иако видеото е легитимно, не станува збор за руско оклопно возило, туку за автомобил кој прегазил украински тенк кој во моментот изгубил контрола.

– Ги избришав моите ретвитови на кои се гледа како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. Се чини дека тоа било украинско воено возило кое изгубило контрола. Се уште нема извештаи за руски возила во Киев. Уште едно добро потсетување да не се шири непроверена содржина – напиша на Твитер уредникот на OCCRP, Илија Лозовски.

Да потсетиме, денеска на социјалните мрежи се појави видео кое набрзо се најде во фокусот на јавноста.

Постар човек кој управувал со автомобилот го преживеал инцидентот, а неговите сограѓани успеале да го извлечат од уништениот автомобил.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот