Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

„Тениското лето 2023“ продолжува: Во Скопје ќе се одржи уште еден женски ИТФ турнир
Активностите од делот на „Тениското лето 2023“ во рамките на одбележувањето 70 години македонски тенис – тениска федерација, ќе продолжат во месец септември со одржувањето на женскиот ИТФ турнир.
Препорачано
Турнирот ќе се игра кон средината на месец септември (11-17.09) и на турнирот ќе играат 48 тенисерки на главниот турнир, 32 во квалификации, како и 16 пара во конкуренција на двојки. Ова значи дека по пауза од 23 години повторно женски тениски турнир ќе биде организиран во Македонија, а турнирот ќе се игра на терените на ТК Југ во Градски парк.
Последниот женски турнир одигран во Скопје беше во јуни 2000 година – ITF WOMEN’S CIRSUIT “SKOPJE 2000”. На тој турнир победи Катарина Дашковиќ од Југославија, а претходната година 1999 година победничка беше македонската тенисерка Марина Лазаровска. Инаку, Лазаровска и Дашковиќ во 2000 година победија во конкуренција на двојки. Досега се одржани пет турнири во женска конкуренција од 1996 до 2000 година.
За годинашово издание на ITF World Tennis Tour W40 пријавувањето е во тек.
Како дел од „Тениското лето 2023“ покрај овој турнир што следи, беа одиграни и два турнира кај мажите ATP Chalenger 75 и ITF World Tennis Tour M25, како и Bille Jean King Cup Europe (за жени), како и традиционалниот дипломатски турнир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5