Тело на нашинец пронајдено во центарот на Љубљана, најверојатно бил претепан до смрт

Македонски државјанин е пронајден мртов на улица во Љубљана.

Како што објави словенечкиот портал „24ur.com“ неговото тело било пронајдено во центарот на градот во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен маж од Македонија.

Според неофицијални информации на порталот, тој бил претепан до смрт, но полицијата сè уште не го потврдила тоа.

„Полицијата изврши увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивна кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде информирано за сите наоди“, изјави портпаролката на Полициската управа во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот