
„Тејст атлас“: Македонската кујна е на 47. место од 100 најдобри во светот
Реномираниот гастрономскиот сајт „Тејст атлас“ (Taste Atlas) направи листа на 100-те најдобри кујни во светот, а може да се каже дека добро котира и македонската. Имено, македонската кујна се најде на 47. место од 100-те најдобри.
Препорачано
Најдобро оценетите кујни во светот се рангирани според просечната оценка на најдобро оценетите јадења и прехранбени производи во секоја земја.
Врз основа на 477.287 валидни оценки за 15.478 јадења во нивната база на податоци, тие ги забележале најдобрите просечни оценки за нивните најдобри јадења и производи. Ако 2 светски кујни имаат ист рејтинг, онаа со повисоко оценето јадење е повисоко рангирана на листата.
На прво место на листата за најдобра кујна за 2024 година е грчката, додека на второ место е италијанската. Третото место го зазеде мексиканската кујна, а потоа шпанската и португалската кујна.
Најлошо се оценети кујните од Албанија, Боливија, Нигерија, Лаос и Никарагва.
Кога станува збор за земјите од регионот, српската кујна е на 15. место, хрватската е на 17. место, словенечката е на 56. место, кујната на Босна и Херцеговина е на 68. место, а на Црна Гора е на 83. место.
„Тејст атлас“ исто така, препорачува што задолжително треба да пробате во Македонија – ајвар, тавче-гравче, пастрмајлија, зелник, сарма, таратур, чомлек, пинџур, мазник, лутеница, селско месо, полнети пиперки, ѓомлезе, качамак, компир манџа, мекици, турлитава, малиџано…
„Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења: Листата многумина ќе изненади!