Израел Кац / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

„Техеран ќе гори“: Израелскиот министер за одбрана му се закани на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани дека „Техеран ќе гори“ ако Иран продолжи со одмаздничките ракетните напади врз Израел, кои траеја цела ноќ и утрово. Според израелските медиуми, во нападите се убиени тројца луѓе, а десетици се ранети. Иранските удари дојдоа откако Израел цчераутро ги почна непријателствата со масовен напад врз цели во Иран.

По состанокот со началникот на Генералштабот на армијата, Кац, според „Тајмс оф Израел“, изјави дека Иран ќе плати висока цена за тоа што им наштети на израелските граѓани.

– Ако врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, продолжи да истрелува ракети кон Израел, Техеран ќе гори, рече Кац.

И Израел и Иран соопштија дека нивните напади ќе продолжат, зголемувајќи ја можноста за уште еден продолжен конфликт на Блискиот Исток. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата цел е да елиминира каква било иранска закана за Израел, а во исто време ги повика Иранците да се кренат против своите лидери.

Израелските напади, исто така, ги доведоа во прашање понатамошните разговори меѓу САД и Иран за нуклеарниот договор. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги нарече разговори со САД „бесмислени“, но директно не потврди дека ќе биде откажана утрешната рунда во Оман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот