Тажна вест, почина НБА легенда

Поранешниот копаркар на Балтимор/Вашингтон булетс, Вес Анселд почина на 74-годишна возраст.

Веста за смртта на Анселд ја соопшти неговото семејство, а потоа ја пренесоа и медиумите во САД.

Членот на куќата на славните во Спрингфилд, НБА кариерата ја започна 1968 година кога како втор пик на драфтот беше избран од страна на тогашниот Балтимор булетс и целата кариера ја помина во овој тим, кој подоцна се пресели во Вашингтон.

Во дебитантската сезона беше избран за МВП на лигата и тоа е вториот кошаркар во историјата на НБА лигата, по Вилт Чембрлен, кој уште во првата сезона го добил ова признание. Во 1978 година беше и МВП на финалето кога го предводеше Вашингтон до титулата.

Во 1981 година се пензионира, за да заплива во тренерските води и од 1988 до 1994 година беше тренер на Вашингтон булетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!