Јозеф Фрицл / Фото Helmut Fohringer / AFP / Profimedia

„Таткото од пеколот“ може од затвор да биде префрлен во дом за стари лица

Австрискиот монструм – „таткото од пеколот“, Јозеф Фрицл, кој ја држел својата ќерка 24 години затворена во подрумот каде ја силувал и со неа станал татко на седум деца, може да биде преместен од затворот со максимална безбедност, јавуваат австриските медиуми.

Светските медиуми пренесува дека Фрицл, кој сега има 88 години, во 2009 година е осуден на доживотен затвор по откривањето на случајот кој го шокираше светот.

Австрискиот радиодифузер ОРФ јави дека новиот психијатриски извештај за Фрицл, кој боледува од деменција, вели дека тој повеќе не претставува опасност за јавноста. Тоа значи дека сега судот може да одлучи дали тој ќе биде префрлен во редовен затвор.

Фрицл моментално се наоѓа во високобезбедна институција за ментално пореметени престапници во затворот Штајн, во градот Кремс.

Во Австрија, доживотните осуденици можат да поднесат барање за условно ослободување по отслужување на 15 години од казната. Според тој закон, Фрицл годинава има право да поднесе такво барање.

Правните експерти велат дека барањето е можно да биде одобрено. Тоа значи дека Фрицл, кој во меѓувреме го смени името, би можел да биде преместен во дом за стари лица, пишува Би-Би-Си.

Минатата година, регионалниот суд пресуди дека Фрицл повеќе не е опасен и може да биде префрлен во стандарден затвор, но Вишиот регионален суд во Виена подоцна ја блокираше таа одлука.

Да потсетиме, случајот Фрицл беше откриен во градот Амштетен во 2008 година и е опишан како еден од најстрашните во австриската криминална историја.

Фрицл беше осуден за убиство на едно од неговите деца и за занемарување, силување, инцест и затворање на неговата ќерка. На крајот на процесот, неговата ќерка и децата добија нови идентитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот