Татјана Димитровска денеска ќе поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска се очекува да ја поднесе својата оставка, откако против неа беше поднесено обвинение во врска со случајот „Адитив“, потврдија за Сител извори блиски до институцијата. Според информации на Сител, оставката ќе биде официјализирана во текот на денот, а потоа на потег ќе биде Собранието да ја констатира и да избере нов член. Оставката исто така била депонирана во Собранието на Македонија. Во неа се повикала на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и немало ништо повеќе. Во овој член од Законот се опишува дека престанок на функцијата и разрешување на претседателот или членовите на ДКСК се случува во случај на поденесување оставка. Пратениците уште ја немаат добиено оставката. Од архива таа се носи во кабинетот на Африм Гаши после што пратениците добиваат порака.

Освен за одавање службена тајна, Димитровска обвинета е и за „компјутерски фалсификат“ односно дека државниот ревизор М.С. ѝ го положил испитот после кој добила сертификат со највисок степен на класификација „државна тајна“. Засега и таа и ревизорот ги дале своите безбедносни сертификати во институциите и не можат да ги користат.

Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за „Слободен печат“ велат дека се прават дополнителни безбедносни проверки за утврдување на безбедносен ризик за Димитровска и за ревизорот, а после завршување на проверките, Дирекцијата ќе донесе одлука за евентуално одземање на безбедносниот сертификат и пред истекот на неговото важење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот