Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу

Министерот за здравство, доктор Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството”.

„Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,” објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Таравари на конгресот оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

„На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,” се наведува во соопштението од министерот Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот