Таравари до фракционерите на АА: Ако сакате да одите сами на избори, само не одете со ДУИ

Без разлика на сите случувања во Алијанса за Албанците, во Централен регистар сè уште стои дека јас сум претседател. На наша страна се фактите и аргументите и од Централното претседателство“, рече Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „Вреди“ за претседател на Македонија“, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ во однос на неодамнешните внатрепартиски превирања.

„Очекуваме судско решение. Како и да одлучи судот, ние би прифатиле секаква одлука. Ние сме во коалиција Влен (Вреди), фракцијата која што произлезе од нас најверојатно ќе биде во заеднички листи со ДУИ. Ако речат дека одат со ДУИ, бидејќи ги немаат печатите на партијата, јавно кажувам дека сум подготвен да ги донесат нивните листи со имиња и презимиња, јас би ги потпишал и би ги однесе во Државната изборна комисија. Ако сакаат да се натпреваруваат сами, јас сум подготвен да им помогнам, да ги потпишам и да им ставиме печат на нивните листи“, порача Таравари.

Тој порача дека би ризикувале, ако фракционерите од Алијанса за Албанците решат да одат сами на избори.

„Јас знам дека најверојатно ќе одат со ДУИ, меѓутоа ако сакат да одат со сопствени листи, не е проблем. Ние би толерирале. Нека излезат на политичкиот пазар, нека се измерат и тоа е што можам да им помогнам. Печатот останува, бидејќи сите факти и аргументи се на нашата страна“,  порача Таравари.

Разделбата со фракционерите во Алијанса за Албанците, вели Таравари, беше концептуална.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот