Танцов перформанс вечерва во МКЦ

Танцов перформанс „БЛОТ“ (Body line of thought) на „Тангај колектив“ (Tangaj collective) во рамки на „Перформанс платформа фестивал #ППФ2025“ – јунска едиција ќе се реализира вечер со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите на настанот.

Во соопштението се истакнува дека слободен е влезот за перформансот наменет за лица над 16 години, а фотографирањето за време на настанот е забрането.

– Во текот на изминатите години, перформансот беше изведен на фестивали низ Романија, Канада, Мексико, Шведска, Полска и Бугарија, стекнувајќи признание на престижни меѓународни платформи. Особено се издвојува учеството во официјалната програма на Internationale Tanzmesse 2024 како една од 20-те селектирани изведби, како и изборот во топ 10 продукции на Moving Balkans. Во 2025 година перформансот ќе биде изведен во девет земји низ Балканот и Централна Европа, како дел од проектот Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective, поддржан од Perform Europe. Наесен во 2025 година, BLOT ќе замине на турнеја низ шест градови во Канада и во САД, се вели во соопштението.

Оваа изведба е овозможена со поддршка од Perform Europe, како дел од проектот „Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective“, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Фондацијата „Хајнрих Бел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот