ТАЈНА ОРГАНИЗАЦИЈА СЕЕЛА СМРТ НИЗ СРБИЈА: Убивале по нарачка, а му се заканувале и на Ѓинѓиќ – Еве кој ги водел!

Д.Ф., истакнат припадник на некогашниот Ресор за државна безбедност, како што дознава весникот Српски Телеграф, на почетокот од 2000 година во Србија, формирал паралелна служба – тајна организација под назив Свети Ѓорѓе, која стои зад некои од најголемите политички ликвидации во Србија! Според зборовите на изворот на весникот, припадниците на оваа група се поврзуваат со убиството на бившите оперативци на ДБ Момир Гавриловиќ, Иван Стамболиќ, Славко Чурувија, Ѓорѓи Божовиќ Гишка, но и со злосторството на Ибарска магистрала.

Го бранеле режимот

Организацијата Свети Ѓорѓе е формирано по примерот на Црна рака на Драгутин Димитријевиќ Апис по смената на Слободан Милошевиќ. На мета им биле сите кои се сметале за предавници, а основач на организацијата со години бил на директна врска со Милошевиќ и неговата сопруга, Мирјана Марковиќ, чиишто непријатели по ред ги отстранувале.

– Луѓето собрани во оваа организација, на крајот на деведесетите ги ликвидирале сите кои му сметале на режимот. На листа за отстрел с енашол и Момир Гавриловиќ, кој е ликвидиран неколку часа по состанокот со претседателот на СРЈ, Војислав Коштуница на 3 август 2001 година. Тие го пикирале Гавриловиќ кога се дознало дека сакал да ги открие, односно, да ја обелодени вистината за убиството на новинарот Славко Чурувија – објаснува изворот на Српски Телеграф.

Соговорникот наведува дека, на основа на оперативни сознанија, по убиството на Гавриловиќ, полицијата упаднала во станот на основачот на групата, но тој веќе ја напуштил земјата.

Припадниците на оваа организација наводно имале удел и во убиството на Иван Стамболиќ, но и четворострукото убиство на Ибарска магистрала во 1999 година, кога во исценирана сообраќајна несреќа загинаа четири члена на Српското движење за обнова (СПО).

– Д.Ф. наводно со Милорад Улемек Легија следел како се одвивала ликвидацијата на Ибарска магистрала. Се претпоставува дека имал удел и во ликвидацијата на некогашниот командант на Српската гарда, Ѓорѓи Божовиќ Гишка, кој е убиен во 1991 година на боиштето кај Госпиќ. Наводно, овој безбедњак бил на боиште во периодот кога Гишка бил ранет, за кој со години се шпекулира дека е убиен „од зад грб“ бидејќи бил близок со СПО- објаснува изворот на весникот.

Како што се наведува во службената белешка, организацијата Свети Ѓорѓе, имала голема мрежа на соработници. Блиски контакти, меѓудругото, имале и со еден бивш славен српски фудбалер против кој во моментов се води судски спор. Освен него, долгогодишна соработничка на основачот на тајната организација била и некоја новинарка која била главна врска во комуникацијата на овој безбедњак со политичарите.

Отворено му се заканувале со смрт на Зоран Ѓинѓиќ

Се претпоставува дека организацијата Свети Ѓорѓе имала значајна улога и во ликвидацијата на некогашниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ во март 2003 година пред зградата на Владата. Од белешките до кои дошол весникот се гледаат отворени закани со смрт упатени кон тогашниот премиер.

– Основачот на организацијата во повеќе наврати му рекол на премиерот Ѓинѓиќ дека ќе го убие доколку формира квинслиншка власт во земјата. Исто така, тој во периодот околу ликвидацијата на премиерот, одржувал блиски односи со некогашниот командант на Единицата за специјални операции, Милорад Улемек Легија, а кој е всушност обвинет за убиството на Ѓинѓиќ – додава соговорникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот