Фото: Pexels/ Alanur Özbek

Тајланд планира да им овозможи на странските двојки да го користат сурогат мајчинството во земјата

Тајланд планира измена на законите со што ќе им се овозможи на странските двојки да го користат сурогат мајчинството во земјата, најави претставник на Министерството за здравство, Архон Прадицуван.

– Двојките треба да се венчаат без оглед на полот, а на детето родено од сурогат мајка треба да му се гарантира заштита и права во родната земја на двојката, наведе Архом.

Тој додаде дека на странските двојки ќе им биде дозволено да изберат и да донесат своја сурогат мајка или да користат Тајланѓанка за таа цел, при што процесот ќе биде предмет на разгледување од владина комисија.

Тајланд во 2015 година воведе строги регулативи за контрола на сурогат мајчинството и го забрани процесот за странски двојки. Исто така го забрани и платеното сурогат мајчинство, а тоа останува легално само ако е надгледувано од владина комисија за тајландски двојки или тајландски државјани кои биле во брак со странци најмалку три години и имаат тешкотии да забременат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот