Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Тагер ја остави Ѓорческа без полуфинале во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа остана без полуфинале на турнирот во Куршумлиска Бања откако повторно беше поразена од Австријката Лили Тагер со резултат 1-2 во сетови (3-6, 7-5, 6-7). Овој пораз доаѓа само неколку дена по нејзиниот пораз од Тагер во финалето на турнирот во Букурешт.

Австриската тенисерка започна одлично, поведе со 3-0, а Ѓорческа успеа да возврати и го намали резултатот на 3-4. Меѓутоа, Тагер направи нов брејк и го освои првиот сет со 6-3.

Во вториот сет, Ѓорческа брзо го загуби својот сервис, а Тагер поведе со 2-0, но Македонката се врати со пресврт, освојувајќи го сетот со 7-5 и израмнувајќи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет, Тагер го нападна сервисот на Ѓорческа, но таа се одбрани. Сепак, Австриската тенисерка направи брејк во петтиот гем за водство од 3-2. Ѓорческа не се предаде, враќајќи го ударот и израмнувајќи на 5-5.

Мечот заврши со тај-брејк, каде што по голема борба, Тагер на крајот излезе како победник со 7-5.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот