Деминирање / Фото: Твитер, Скриншот

Тага во Хрватска: Маж и жена-пиротехничари загинаа чистејќи поле од мини

Во градот Чанак во Лика во попладнево се случила трагедија во која загинаа двајца пиротехничари кои деминирале минско поле, јавија хрватските медиуми.

Еден од пиротехничарите починал на лице место, а другиот на пат кон болница со возило на Брза помош.

„Точно е, загинаа пиротехничар и пиротехничарка, а деталите ќе ги дознаеме по истрагата. Деминирањето се одвива таму со години“, изјавија од Хрватскиот центар за деминирање“, пренесува „24 часа“.

Претходно, полициското одделение Лика-Сењ добило дојава дека во местото Чанак, населба Врлет-Скокови, при деминирање на минско поле се случила несреќа на мина, извести полицијата. Несреќата се случила околу 13 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот