Британија: Продаден е најстариот неделен весник во светот, и покрај протестите на новинарите
Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал најстариот неделен весник во светот, „Обзервер“, на „Тортоиз медиа“. Компанијата „Скот Траст“, во чија сопственост е медиумската групација „Гардијан“, соопшти дека купувачот ќе го преземе „Обзервер“ преку комбинирана исплата во готовина и акции. „Обзервер“ е основан во 1791 година и стана дел од медиумската групација …