Грчевски го скрати списокот за дуелите со Германија и Словенија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го скрати списокот на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2026. Нашите ракометарки прво ќе гостуваат кај Германија во Гумерсбах на 12 октомври (19:30 ч.), а потоа следува домашен натпревар со Словенија, на 19 октомври во „Боро Чурлевски“ (18:00 ч.). Преземено од: Спорт.ком.мк