Еден од осомничените од Студеничани веќе бил гонет за криумчарење мигранти, не бил во притвор зашто судовите му прифатиле гаранција во ниви вредни 185.000 евра
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените за држење шестмина мигранти во заложништво во подрум во Студеничани им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Обвинителството. „Притоа судијата го имаше предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на …